(ВИДЕО) Шилегов: Груевски за една година заштедил 118.629 евра, како му успеало?!

од desk3
93 прегледи

Што е тоа што меѓудругото сака да го сокрие Никола Груевски?

Зошто партиски активисти и донатори на ВМРО-ДПМНЕ се членови на Антикорупциска комисија?

Кои беа причините да се сокријат Анкетните листови на Никола Груевски од 2014 и 2015 година?

Денеска јавноста ќе ги дознае одговорите на овие прашања.

Еве ги скриените Анкетни листови на Никола Груевски од 2014 и 2015 година.

Аболицираниот Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра!

Или, за една година Никола Груевски официјално станал побогат за 118.629 евра!

silegov

Груевски, ги зголемил заштедите на американските долари, швајцарските франци, британските фунти на неговите девизни сметки, но најмногу ги зголемил сумите во денари и во евра[1].

Пријавувал приливи во банка од по 300.000 денари, но и по 3.000.000 денари. Интересно е дека за овие големи приливи од по 2.000.000 – 3.000.000 денари во 2015 година Груевски во Анкетниот лист се правда дека му биле од 2005 и 2012.

Но ако е така, зошто не му биле пријавени во Анкетниот лист од претходната 2014 година?

Нето платата на Никола Груевски изнесувала 88.139 денари.

Дека Груевски не се потпирал на неговата плата, покажува графата за основот на стекнување. Тука Никола Груевски, како што е наведено, или не дал податок, или рекол дека ги стекнал парите на друг начин.

Никола Груевски не одговорил на Антикорупциската комисија, но мора да им одговори на граѓаните:

По 7 години чекање, штедачите од “Македонска банка” ќе бидат обештетени

Кој е тој начин на којшто Никола Груевски заработува, така што за една година успеал да заштеди 118.629 евра? И тоа додека 500.000 луѓе во Македонија тонат во сиромаштија?!

Граѓаните слушнаа од Вистината за Македонија и за оф шор релациите на Груевски со рајските земји, за милионски тендери и провизии, за милионски парцели на Водно.

Ова е уште една причина зошто на Груевски му се потребни аболициите од Ѓорге Иванов. Нему и на неговите соработници.

Аболиција целосно мора да се поништи и сите кои правеле злоупотреби на штета на граѓаните ќе одговараат.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво.

 

 

[1]

Никола Груевски  2014година Никола Груевски  2015година
Денари 2.162.412 8.887.542
Евра 38.511 47.977
Американски долари 230 249
Американски долари 230 249
Швајцарски франци 7249 7315
Британски фунти 540 596