Шилегов го обвини премиерот дека ја торпедирал работата на Комисијата пренесува А1он
-Ако претседателот на Владата, како најодговорен во државата, одбере за скандал од толкави размери да се сокрие со цел да не се соочи пред јавноста со прашањата, тогаш неговото однесување не е ништо друго туку торпедирање на Комисијата. Наместо јавно и транспарентно да ги даде одговорите, одбра јавноста да биде исклучена од сослушувањето. Жално е што тоа се случи, не разговаравме за никакви класифицирани информации и толку можам да кажам. Не знам зошто беше побарано оваа седница да биде затворена, ниту прашањата ниту одговорите не беа класифицирани – изјави Шилегов.
-За одговорите на Груевски не би можел да зборувам не сакам да ширам хумот за волку сериозна тема. Стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема интерес оваа Комисија да проработи. Стана јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е потребна Анкетната, затоа што се покриени со нивната медиумска надмоќ. Излезе дека храбриот боксер сака да боксува на скриени мечеви – додаде Шилегов кој одговори дека не е за во јавност неговото мислење за премиерот.
Записниците од седицата нема да бидат достапни за јавноста. Како што рече Шилегов, тие се под посебен режим на чување материјали во Собранието и нема да може да се објават.
Утре ќе следи сослушувањето на проанешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Шилегов додаде дека очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги блокираат и следните седници./A1on