(ВИДЕО) Шпанците објавија снимка: Пике бил со Клара пред да раскине со Шакира

од Nikola Popovski
188 прегледи

Шпанските медиуми постојано пишуваат за Пике и Шакира, а „ES24“ сега објави видео кое потврдува дека Пике бил со Клара Чиа Марти и пред да раскине со пејачката Шакира.

За време на интервјуто преку веб-камера кое Пике го дал неколку месеци пред раскинувањето со Шакира, Клара Чиа Марти поминала покрај него.

Интервјуто е направено во куќата на поранешниот дефанзивец на Барселона. Видео клипот датира од 15 август 2021 година, значи десет месеци пред раскинувањето со Шакира.

Инаку, Пике и Клара повеќе не ја кријат својата врска.

Слични содржини