Шведскиот пејач Мaнс Зелмерлов победи на 60-тото издание на Евровизија со песната “Херои”.
Тој ги освои срцата на евровизиските фанови, како со одличната песна и глас, така и со својот стас.
Мaнс, кој инаку се прослави со победата на шведско талент шоу, сепак очигледно, не за прв пат се претстави со интересен настап на вчерашната евровизиска сцена. Тој пред извесно време ги забавувал гледачите на шведско шоу имитирајќи ја Мајли Сајрус притоа излегувајќи на сцената како од мајка роден.
Очигледно Мaнс е родена ѕвезда без ни малку срам во градењето на својата кариера и приредувањето на добро шоу за публиката.