(ВИДЕО) Сиа ја замени Меди со Хајди Клум во новиот спот

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Сиа која што штотуку потврди дека е во брак со режисерот Ерик Сандерс, денеска го објави музичкото видео за „Fire Meet Gasoline“. Главните улоги во спотот им припаднаа на Хајди Клум и Педро Паскал, ѕвездата од серијата„Игра на тронови“.3593b471d17c85fdfc38de0574a04034

Во видеото кое мошне се разликува од претходните три хита каде главната улога ја толкува талентираната млада танчерка Меди, можеме да ги видиме Хајди и Педро во секси сцени како заљубени љубовници со мрачна тајна. На крајот сепак се појавува познатата платинесто руса перика која овој пат ја става Хајди.