Сириската армија триумфално влезе во Палмира. Според информациите на “Ројтерс”, во моментов сириските војници се наоѓаат во историскиот дел на градот. На интернет се појавија прв кадри на кои се обележани урнатините на античкиот град, соопштува ren.tv. Денес владината армија на Асад конечно воспостави контрола над градот, кој беше освоен и уништен од терористите од “Исламска држава”. Битките се водеа непосредно до историските споменици.
Џихадистите претрпеа огромни загуби. Во ноќта сириската армија успеа да го уништи командниот центар на групата.
