(ВИДЕО) Сите 14 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ со лисици однесени во Обвинителството во Кочани

од Milan1
497 прегледи

Во Кочани во Обвинителството беа донесени сите 14 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 млади.

Претходно Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Слични содржини