(ВИДЕО ) СЈО ги одби жалбите на осудените во “Шпион”: Пресудата е донесена со легални докази

од Vladimir Zorba
97 прегледи

apelacija_3 (1)

Пресудата за “Шпион” е со легални докази.
Иако обвинетите и нивните бранители тврдат дека доказите се незаконски , судот добро појаснил за секој доказ од каде е и како е добиен, со тоа и пресудата е законска, вака обвинителката Елизабета Јосифовска од специјалното јавно обвинителство го започна 20 минутното образложување зошто СЈО не бара ниту ново судење ниту проверка на доказите за првата македонска шпионска афера, информира Телма.

Со неа беше и обвинителката Ленче Ристоска која по завршување на дводневната седница на апелациониот суд појасни зошто СЈО одлучило да не бара ново судење за Шпион, туку само намалување на казните.
Обвинителката Јосифовска детално појасни дека одбраната нема право да се жали за начинот на кој се извршени посебните истражни мерки особено за наредбите за следење за делото шпионажа бидејќи во предметот има и други докази кои водат кон вина за ова дело.

Целиот текст можете да го прочитате тука