(ВИДЕО) Слушнете ја девојката која самите натпреварувачи одбраа да се врати во Икс Фактор

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Благодарение на гласовите на самите финалисти на Икс фактор, се враќа во шоуто Даниела Вечеринович. Симпатичната учесничка од Хрватска уште за време на аудицијата никого не остави рамнодушен, а за првпат ќе ја чуеме во живо наредната недела во емисијата посветена на темата љубов.Danijela Vecerinovic foto promo x faktor_1000x0

Нејзиниот ментор Масимо по повод враќањето на Даниела изјави: „Многу ми е мило што се враќа Даниела, тоа беше желба на сите нејзини колеги, а и моја. Ќе ја советувам малку да го смири настапот. Кај повеќето изведувачи има проблем бидејќи ендостига некоја компонента, а кај Даниела има сѐ, па нешто треба да се одземе. Но, одземањето е лесно“.

За оние, доколку воопшто има такви, кои не можат да се сетат на Даниела, ги приложуваме нејзините досегашни настапи. А, оние кои не ја имаа слушнато до сега, време е да ја запознаат.

 

https://www.youtube.com/watch?v=5bN_MLLyNao

https://www.youtube.com/watch?v=tVef-8xZcjg