(ВИДЕО) Со ѕвона од кравите на Субрата Рој се будеше Зврлески

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Со звук на ѕвона (клопотарци) и со извици пред јавното обвинителство, денеска се будеше совеста на обвинителот Марко Зврлески. Граѓани организирани од Стојанче Ангелов, лидер на „Достоинство„, бараа негова оставка, а ѕвоната се обидува да ја разбудат неговата совест да си замине од функцијата, пренесе А1Он.

obvinitZvoncinja

„Не знам што прави овој човек се уште во обвинителството. Нека ја напушти функцијата, има чесни обвинители кои можат да го заменат. Со ѕвона кои останаа од кравите на Субрата Рој ќе го будиме Зврлески, ги најдовме на едно место оставени од кравите на Субрата Рој. Со овие ѕвона ќе се обидеме да ја разбудиме совеста на Зврлески, бидејќи велат дека тој имал совест, ама му била заспана„, рече Ангелов./извор А1Он