(ВИДЕО) Со инвалидска количка на протест пред МРТ

од desk3
190 прегледи

Благојче Георгиев со инвалидска количка дојде од кочанско село да даде поддршка на протестот пред МРТ. Георгиев порано живеел во Скопје, но имал несреќа да се вози во такси и во него да удри кола по што завршил во инвалидска количка-пренесува А1он

-Не треба да се плашиме од никого, дојдов да се спротивставам на овој режим на ова зло, ќе дојде ред и дојден е тие да си заминат. Не сме сложни ние, не може нашите деца и внуци да ги враќаат кредитите кои ти ги крадат . МРТ е сервис кој сите граѓани го плаќаме, затоа што ако не плаќаме ни доаѓаат извршители. Но, не ни дозволуваат и не ни пуштаат ништо освен цртани фолмови и Груевски. Немам услови за кабловска телевизија, мали ми се примањата, примам бедна инвалидска пензија, а јас сум родител на три малолетни деца. Зошто МРТ не ги објави сите снимки, или се плашат, нека земат пример од мене кас сум во инвалидска количка и не се плашам, рече Георгиев.

Овде со мене се дојдени мои најдобри другари, Турчин, Бошњак, имам и Албанци овде другари, едно сме, да се избориме заедно за оваа држава. Дојдов овде да покажам на министерката дека не сум од нејзините човечиња и гревчиња, рече Георгиев.

Извор: А1он