Учесниците на вечерашниов протестот се движат кон Собрание на Република Македонија.
Учесниците на протестот се движат кон Собрание на РМ #Протестирам #П pic.twitter.com/SOmRvtgvQG
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Но, по веќе позната маршута пред пред Министерството за правда ги пречека големо полициско обезбедување.
Полициско обезбедување пред Министерството за правда за време на протестот #Протестирам #П pic.twitter.com/f70alHZ4SX
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа пред просториите на СЈО во знак на подршка на обвинителите.
Со извици на „Нема правда, нема мир“ почна протестот #Протестирам #П pic.twitter.com/vZcYKY4rt8
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
И денескa демонстрантите протестираат против политиките на владата и против избори на 5 јуни, но исто така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат во петок во Виена.
Подготовка за протестниот марш #Протестирам #П pic.twitter.com/15cD7X1bqC
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Како и во претходните денови се закажани се нови протести и во неколку градови низ Македонија, меѓу кои во Битола, каде се бара оставка и од градоначалникот Талевски, но таму се најавени и контра протести. Протести изминатите денови имаше и во Струмица, Штип, Куманово и Велес
Протестите се одржуваат веќе втора недела по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, за прекин на сите постапки поведени против политичари, кои се поврзани со прислушувањата./ видео Мета
