Најмалку едно лице е рането во пукотница што се случи во недела наутро по локално време во црква во американскиот град Вејн, потврди полицијата за локалните медиуми. Според првичните информации, напаѓачот бил убиен од страна на обезбедувачот.
Пукањето се случило околу 11:15 часот, кратко по почетокот на неделната миса во 10:45 часот.
Полициски извор изјавил дека напаѓачот влегол во областа на црквата со пикап и отворил оган. Полицијата во Вејн потврдила на Фејсбук дека осомничениот бил застрелан од обезбедувачот.
Изворите, исто така, наведуваат дека неколку лица се повредени, но степенот на нивните повреди сè уште не е познат.
Истражителите ги замолија жителите на Вејн да ја избегнуваат областа додека трае истрагата.
#BREAKING Active shooter reported outside Church in Wayne. Details: https://t.co/3TjUw5LZdK pic.twitter.com/AY7nLzpR3o
— Metro Detroit News (@metrodetroitn) June 22, 2025