(ВИДЕО) Со „Зајди, зајди“ до победа на Гласот на Хрватска

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Нина Краљич на која ѝ беше ментор Жак во хрватското овогодинешно издание на Гласот на Хрватска (The Voice), во категоријата традиционални песни за време на финалето ја избра македонската народна песна „Зајди, зајди“. Според многумина, токму оваа фасцинантна изведба ја одведе до победата во ова шоу.11140052_1576775779269858_7807833916974459701_n

Нина во текот на натпреварувањето докажа дека има моќен глас кој може да владее со секој жанр и притоа да не ја изгуби својата карактеристичност. Таа беше неспорен прв победник на ова талент шоу во Хрватска.