Триесет и еден патник загинале во страшна сообраќајна несреќа кога камион и автобус се судриле дененска во Мароко. Автобусот превезувал група млади атлетичари близу до градот Тан Тан на југот на Мароко, пренесува државната новинска агенција во Мароко.
Несреќата се случила во 6 часот наутро, кога автобусот во кој имало деца на возраст од 10 до 14 години се судрил со камион-цистерна.
Децата се враќале во својот роден град Алијун откако од 5 до 9 април во Рабат, Темера и Бенсилманија учествувале на национални училишни игри.
Девет лица поминале само со повреди во ужасниот судир и биле префрлени во болница, а автобусот целосно изгорел.