(ВИДЕО) Составот Марлон Брандо објави спот за песната „Слободен уметник“

од Vladimir Zorba
138 прегледи
Излезе третиот видео запис на групата Марлон Брандо за песната “Слободен уметник”.mkd-193300
Музиката и текстот се на Кирил Трајковски , аранжманот на Ветон Вејсели, а женските вокали ги испеа Јана Гигова. Идејата за оваа песна е на Марко Соколовски и Кирил Трајковски, а темата која ја разработува е социјалниот статус на уметникот кој се бори за својот уметнички идентитет во општеството.
За видеото се погрижи Натали Башоски која се потруди да им ги претстави на јавноста уметниците од Њујорк. Ова е веќе трета соработка помеѓу Натали и Марлон Брандо кои претходно заеднички ги реализираа спотовите за песните “Ех да можам” и “На планина”.