24
Пожарот кај дојранското село Николиќ попладнево се заканува да се прошири кон неколку куќи во селото, но и кон фабрика во која е складиран метан, алармираат граѓаните на социјалните мрежи, додека градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, објави драматичен апел за помош до сите државни институции.
„АПЕЛ ЗА ПОМОШ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ!!! Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!“, напиша тој во објавата.