Реформи со оваа влада, оваа партија која ги окупира институциите 10 години не се можни. Илузија е да очекува некој дека ќе има реформи. Да ги сведеме на минимум проблемите кои што постојат и во делот на Избирачкиот список и во делот на медиумите е нешто за што можеме и мораме да се избориме, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, чии ставови ги пренесува а1он.
– Прва работа е фактот дека имаме отворено предмет во Специјалното јавно обвинителство во кое што се третираат токму изборните нерегуларности и веројатно тој предмет ќе мора да покаже што се случува со Избирачкиот список, што се случувало на денот на изборите. Вториот факт е дека и после прочистувањето на Избирачкиот список имаме 5.122 избирачи повеќе од тоа што било претходно. Многу нелогично, ако ние решиме нешто да чистиме во една просторија и од 10 столчиња на крајот, после чистењето имате 12. Окупацијата на институциите во Репулика Македонија, партизираната окупација во изминативе 10 години покажува дека е срушен системот на функционирање на државата и од тука се појавуваат институционалните проблеми. Најважна причина мислам дека е немањето на политичката волја бидејќи политичката волја на елитата на власт, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е да организира фер демократски избори за да ги демократизира институциите во Македонија заради тоа што владеењето нивно се сведува само на бројки. Бројки во гласови и пари и ништо друго не подразбира во делот на реформите. Точно е дека имаме застарен систем, но и дека имаме систем кој се злоупотребува, рече Спасовски.
Целиот текст можете да го прочитате тука