(ВИДЕО) Спасовски во Радовиш: Праведно општество ослободено од груевизирани институции ќе ги задржи младите

од desk3
71 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски беше во Радовиш за да ги чуе лично од радовишани маките од неподносливите услови за живот во коишто живеат.

„Децата да ни ги вратите, куќите ни останаа празни!“ ,се жалеа повозрасните граѓаните на големиот егзодус на младите, велејќи дека премиерот во заминување ја манипулира јавноста со наводниот голем број на вработувања.

Spasovski Radovis 1610 02

„Знаеме дека повеќето од младите или се избришани од евиденцијата на Заводот за вработување, или ја напуштиле родната грутка, не веруваме во никакви вработувања, никој не може да преживее со 9000 денари“, коментираа граѓаните разочарани од заминувањето на нивните најмили деца и внуци.

Spasovski Radovis 1610 03

Имаме решенија коишто ќе гарантираат отворање на нови и сигурни работни места и ќе го кренат стандардот на граѓаните. Ако младите имаат сигурна иднина тука, ќе останат дома и нема да се иселуваат надвор, рече Спасовски.

Генералниот секретар Спасовски, во разговорите што ги имаше со пензионерите од Радовиш, посочи дека власта им го одзема законското право на пензионерите на усогласување на пензиите коешто по Закон треба да се прави два пати годишно. Изминативе девет години се направени само 4 такви усогласувања на пензиите.
.

Во центарот на градот, во едно кафуле, генералниот секретар Спасовски заедно со Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, оствари средба со младите од Радовиш на којашто се разговараше за начините на коишто младите може да се задржат во државата.

Spasovski Radovis 1610 04

Само праведно општество, ослободено од груевизирани институции, коешто ќе нуди еднакви шанси за сите, во коешто ќе владее правото и демократијата и во коешто парите ќе се вратат кај граѓаните, ќе ги задржи младите во Македонија.

Посетите со граѓаните продолжија во с. Злеово и во с. Калуѓерица кадешто граѓаните побараа да се случат промени, затоа како што велат тие се потешко се живее од макотрпната работа во земјоделството. Ниту добиваат навремени субвенции, ниту добиваат пласман на земјоделските производи, ниту земјата е во рацете на вистинските земјоделци.

„Програмата на СДСМ, ќе биде програма којашто ќе произлезе од Вас граѓаните и ќе биде за Вас граѓаните. Промените ќе се случат, ќе го вратиме достоинството на нашата држава и достоинството на нашите граѓани“ рече Спасовски во своето обраќање пред граѓаните.