Спасувачите кои очајнички се обидуваат да стигнат до петгодишното момче кое падна во длабок бунар во Мароко, влегуваат во последната фаза од операцијата.
Рajaн, петгодишно дете од Мароко, во вторникот падна во бунар длабок 32 метра, а спасувачите со денови копаат дупка паралелна со бунарот за да го спасат.
Тие работеле цела ноќ за да стигнат до детето.
Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.
Според последните информации, на спасувачите им остануваат уште помалку од два метра да стигнат до детето, но копаат со раце поради страв од одрон.
„Оваа фаза е најважна и најсложена“, рече Абделхади Темрани, еден од спасувачите.
„Речиси сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи“, додаде Абдесалам Макуди, еден од водачите на операцијата.
И покрај страшниот пад, снимка од камера спуштена во бунарот покажува дека момчето останало живо и свесно, иако има полесни повреди на главата.
Latest update about #Rayan
Few meters are left, and it will be dug by hand
The rescue team is facing frequent soil collapse, which prolongs the rescuing process. #SaveRayan pic.twitter.com/eLJ3a1dHm6
— Isxaaq Moallim. (@HIsxaaq) February 5, 2022