(ВИДЕО) Спасување на патници од жичарница, показна вежба на специјалните единици

од Milan1
32 прегледи

Денеска во Скијачкиот центар Маврово во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичарница“. Во рамки на показната вежба тимови од МВР од Специјалната антитерористичка единица – Тигар, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата „Волци“ вршеа безбедна евакуација на жичарницата која прекинала да работи.

Во сценариото на вежбата жичарницата која вообичаено работи на електричен погон заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот кој треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците коишто се затечени на жичарницата.

Целта на вежбата е унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции се со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации.

Слични содржини