202
Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ вечерва на „Инстаграм“ објави видео на кое се гледа дека раката му е во гипс, а тој цело време плаче и објаснува што се случило, објави порталот Блиц.рс.
Јовановиќ тврди дека е претепан, но не открива кој го сторил тоа. На снимката објаснува дека и покрај повредата тој е добро, пред да ги спомене своите деца.
– Сè е во ред. Само ми ја скршивте раката, колку малку во споредба со сè што сум подготвен да дадам. За моите Михајло, Ана, Зока и Анѓа“, вели тој низ солзи.
Во коментарите, корисниците на „Инстаграм“ му пишуваат различни прашања на политичарот, прашувајќи што всушност се случило, но тој не одговара.
View this post on Instagram