(ВИДЕО) Станал ли папагал кој пцуе сведок на убиството на домаќинот ?

од desk3
137 прегледи

Чуден тек на настаните се појави како “доказ” за случајот за нерешено убиство на маж од државата Мичиген – само што овој сведок никогаш нема да застане на судската клупа, за да сведочи. 45-годишниот Мартин Дурам беше убиен во својот дом во Сенд Лејк во мај 2015 година. Според полицијата станува збор за двојно убиство. Сопругата на Дурам – 46-годишната Глен била застрелан во главата, но успеала да преживее.

Сепак, семејството на жртвата смета дека токму Глен го убила сопругот при обид за убиство и самоубиство, а нивниот миленик не само што стана сведок на егзекуцијата на Дурам, но има и докази.

1465009981-pap5

Според родителите на Дурам, Лилијан и Чарлс, папагалот на нивниот син Бад го повторува сето она што тој викал и може да се вклучи кон откривањето на злосторството. По убиството пред една година папагалот постојано повторува: “не пукај по ѓаволите”.

Лилијан и Чарлс сметаат дека Глен го убила својот сопруг пред очите на папагалот, а тоа биле неговите последни зборови. “Според мене, тој бил таму, тој се сеќава и затоа го повторува”, вели Чарлс пред WOOD TV.

Родителите сметаат дека потоа Глен го насочила пиштолот кон себе и пукала.

Лилиян и Чарлс го предале на полицијата видеото со птицата, на која папагалот ги вели неговите последни зборови. Од полицијата го прифатиле видеото, но изјавиле дека не можат да го полазват како доказ.

sl1

По пукањето Глен рекла на полицијата дека не се сеќава на денот и што се случило, но е категорична дека таа не го убила својот сопруг.

Според полициските документи, Глен е осомничена за случајот, бидејќи оставила три претсмртни писма во куќата – едно за нејзиниот сопруг, и по едно за нивните две деца.

Во едно од писмата пишува: “Жал ми е, јас те сакам и жалам што те разочарав во последните 12 години. Те молам, прости ми. Ти си едно од најубавите нешта во мојот живот. Со љубов, мама “.