ВИДЕО: Станари скокаат за да се спасат-шокантни снимки од пожар во зграда во Барселона

од Берта Китинска
262 прегледи

Во пожар кој денеска изби во центарот на Барселона повредени се најмалку 9 лица, од кои една се наоѓа во критична состојба, соопшти шпанската служба за итни случаи.

Каталонската телевизија прикажа снимка од мобилен телефон, како едно лице скока од прозорец на третиот кат врз душеци кои биле поставени на тротоарот за да го ублажи падот, пренесува АП.

Локалните медиуми јавија дека најмалку уште едно лице морало да скокне за да побегне од огнот.