Два воза се судрија во северниот дел на италијанската провинција Бари, соопшти repubblica.it.
Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени. На местото на трагедијата веднаш се испратени медицински екипи, полицајци и противпожарната служба.
Натаму патуваат и претставници на Министерството за транспорт, кои треба да утврдат причините за директниот судир на возовите.