На денешниот граѓански протестпред Владата студентите го искажаа својот револт од одност на владата кон нив:
„Сакавме да живееме во држава која е демократска. Сакавме да имаме институции кои нема да креираат политики зад затворена врата. Сакавме да имаме институции пред кои ќе можеме да ги адресираме нашите барања. Сакавме еднакви можности, сакавме иднина дома. Сакавме, но не добивме. Што добивме од потрагата и голата борба за власт? Затворени институции, партизирана држава и колеги , другари и роднини кои ги испраќавме на аеродром со билет во еден правец. Вака ли вие драги политичари ја креиравте иднината за Македонија, земја без младина, земја на родители кои децата си ги испраќаат во туѓина. Јас сум убеден дека мојата генерација веќе ги постави темелите на мултиетничкото општество. Јас сум убеден дека мојата генерација никогаш нема да дозволи нова војна. Затоа што мојата генерација верува во моќта на заедништвото, верува во демократијата, слободата и затоа ние сме најотпорни и конзистентни во борбата за нашите идеали” , рече во своето обраќање на денешниот протест пред Владата, Христијан Поп Симонов од Студентскиот пленум.