Студенстска окупација ќе има и на факултетите на Битолскиот универзитет. Одлуката падна на последната средба на студентскиот пленум на која присутните едногласно одлучија да им се приклучат на нивните колеги од Скопје. Окупацијата доаѓа како крајно решение на студентите откако, како што велат тие, власта е глува за нивните барања и ги игнорира нивните протести. Точниот датум за окупација сеуште не е утврден, а деновиве студентите ќе одлучат кој факултет ќе биде прогласен за слободна, автономна зона. Во меѓувреме, пленумците ќе формираат работни групи кои ќе учествуваат во реализацијата на окупирањето на факултетите, пренесе ТВ Орбис.
„Деталите допрва ќе бидат утврдени и ќе бидат познати за секој што сака да учествува во окупацијата на факултетите. Во секој случај ќе има дисциплина и ред за успешна реализација. Воглавно, работните групи ќе бидат задолжени да ги обезбедат сите потребни средства кои ќе се потребни за успешна окупација на факултетите“ – изјави Борис Николевски, член на Студентски пленум
На студентскиот пленум на тема „Блокада на настава“ присуствуваа и претставници од Наставничкиот пленум кои изјавија дека целосно ги поддржуваат студентите и средношколците во сите активности кои ќе ги превземат.
„Ние на овој пленум присуствуваме како претставници од Наставничкиот пленум и потполно го поддржува студенсткиот пленум во сите активности што ќе ги превземи. Од нас имаат 100% поддршка“ – истакна Илче Ацевски, член на Наставнички пленум
Студентскиот пленум ги повика сите заинтересирани да им се приклучат во окупацијата на факултетите, како и да ги поддржат во нивните активности.
„Би сакал да ги повикам сите заинтересирани да дојдат и да ја искажат нивната поддршка. Преку нашата facebook страна можат да се активираат во работните групи бидејќи студентскиот пленум е единственото легитимно тело на студентите во Македонија“ – пренесе Борис Николевски, член на Студентски пленум
Иако првично, беше најавено дека средбата ќе се одржи во просториите на Биотехничкиот факултет во Битола, таа се одржа пред големата сала на Центарот за култура. Како што велат претставниците на пленумот добиле најава дека ќе наидат на затворени врати.
Повеќе информации на Фејсбук странаната на Студентскиот пленум од Битола на следниот линк.