Авион на руската армија се урна во близина на Москва, пренесе ТАСС. Инцидентот со ловецот Су-27 се случи денес за време на демонстрационен лет на единицата на воздухопловните сили “Русские витјази” во реонот на Мураново, пренесуваат руските новински агенции.Според Лајф.ру двајцата пилоти се катапултирале, но едниот не преживеал, бидејќи до последните секунди останал во авионот, за да одврати го паѓањето во населено место.
Авионот падна во густа шума, која е долга околу 300 метри. Останките се расфрлани на површина од над 6000 метри. Околу моторот на авионот било пронајдено и телото на Сергеј Ероменко.
Официјалната информации од руското МО вели дека причината за несреќата е дефект. Црните кутии се пронајдени.
