До нови судири меѓу демонстранти и полиција дојде при демонстрации против кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп. Акцијата се одржа пред хотел во Калифорнија, во кој беше предвидено Трамп да држи говор. На него сепак му се наложи да влезе преку заден влез.Некои од стотиците демонстранти фрлаа јајца по обезбедуваниот настан од полицајци, додека други се обидоа да го пробијат кордонот околу хотелот, кој се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Сан Франциско.
До судири меѓу демонстранти и властите се стигна и вчера при други предизборни настани на Трамп во Јужна Калифорнија.
“Без омраза, без расизам, без Трамп” се зборови на еден од слоганите, чувани од демонстрантите денеска, пренесе АФП. Некои од нив носеле мексикански знамиња.
Калифорниската фаза на прелиминарните избори на Републиканската партија, во кои засега Трамп е убедлив лидер, ќе се одржи на 7 јуни. Ова ќе и државата каде трката за гласовите на партиските приврзаници ќе заврши.
Во рамките на кампањата Доналд Трамп предизвика исклучително многу контроверзии со реториката дека како претседател ќе работи за изградба на “убав” ѕид долж границата со Мексико, со цел да го прекине влезот на илегални мигранти во САД. Градежниот претприемач ја придружува идејата со многу искази со расистички нијанса на адреса на мексиканскиот етнос. Друга негова идеја е привремена забрана за влез на муслимани во САД.
