(ВИДЕО) T.Н. – „Анонимуси“ му се закануваат на Заев?

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Таканаречени „Македонски анонимуси“ се закануваат со објавување на бомба за Зоран Заев но притоа не наведуваат од каде ќе биде овој материјал-дали од странска служба или пак од домашната служба.

anonimusiZaev

Наводно хакирано било како што се вели „дувлото на оние кои го креираат сето ова, а се поврзани со лицето Зоран Заев“.

– Ова што се случува во Македонија е креирано сценарио на странски служби и домашни платеници и извршители.

– Не сакаме да дозволиме на кукавички и неправеден начин, некој да создава магла, да шири креирани случаи, да сее страв, да уценува, да се заканува, и да го руши мирот во Македонија, најавуваат таканаречените македонкси анонимуси.

Речникот на овој тескт поставен на видео на Јутјуб е речиси идентичен со настапите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, и таканаречените експерти и “познавачи на состојбите“ кои ја бранат Владата.

Основачот на Здружението Тони Михајловски вчера изјави за Сител:

– Македонија е директно нападната од внатрешен непријател потпомогнат од странски служби. Ова здружение треба да го разбие стравот кој некој го сее овие денови помеѓу македoнsкиот народ и да им покаже дека некој има што ќе застане на браникот на оваа земја.

Истиот речник и истите термини ги употребуваат речиси сите членови на Здружението, а и провладините медиуми. За сите нив не е спорно дали државата прислушувала секого и има материјал за сите, што се местеле судски одлуки и цела држава е под контрола на неколку луѓе, туку е е спорно зошто некој сето тоа го објавува.

Кога ќе се собере сето ова, македонските анонимуси и не се толку анонимуси.