Поради силниот дожд, налетите на ветерот и високите бранови, јапонската метеоролошка агенција предупреди дека треба да се внимава.
Тајфунот „Нанмадол“ денеска донесе силен ветер и рекордно количество дожд во делови од Јапонија, а во едно од најголемите невремиња во последните години во оваа земја загина најмалку едно лице, некои фабрики престанаа да работат, а сообраќајот беше во прекин.
Премиерот Фумио Кишида го одложи за утре патувањето во Њујорк, каде што треба да зборува на Генералното собрание на ОН.
Премиерот остана дома да ги следи последиците од невремето, јавуваат медиумите.
Climate change is real and its happening. Flooding of the Miyagawa River in Yufuin City, Yufu City, Oita Prefecture caused by a typhoon. Kyushu. Japan
#storm #stormhour #hurricane #typhoon #Japan #TyphoonNanmadol #Climatecrisis #Japan pic.twitter.com/Kvw4JFWRN8
— Emaan Danish Khan (@EmaanzT) September 18, 2022
Ова е 14-ти јапонски тајфун оваа сезона, а невремето доцна синоќа стигна во областа на градот Кагошима, по што го зафати западниот остров Кјушу и главниот остров Хоншу.
Во префектурата Мијазаки се излеа река, поплавени се ниви и патишта, објави националниот медиумски сервис NHK. Еден човек загинал кога неговиот автомобил бил однесен од поројот, според извештајот.
Најмалку 69 лица се повредени, а околу 340.000 домаќинства утрово се без струја. Повеќето училишта и денеска се затворени поради државниот празник.
Strong valley flow in Japan in cities affected by #typhoon #نانمادول 🇯🇵#Nanmadol #stormhour #hurricane #thunderstorm #Japan #TyphoonNanmadol #日本 #Japanese pic.twitter.com/jJYGcwI71A
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) September 18, 2022