Поранешниот американски боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон нападнал патник кој го вознемирил во авионот и му нанел неколку модринки на лицето, јави МТЗ.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како Тајсон удира човек во седиштето зад него.
Инцидентот се случил пред летот во средата меѓу Сан Франциско и Флорида, според МТЗ.
Според информациите патникот бил во алкохолизирана состојба, додека Тајсон по инцидентот веднаш се симнал од авионот.
Пензионираниот боксер најпрво ја исполнил желбата на момчето за заедничка фотографија кое седело зад него, но и покрај инсистирањето на „пијаниот“ патник не сакал потоа да разговара со него.
Тој продолжил со инсистирањето обраќајќи се до Тајсон се додека легендарниот боксер не му рекол да престане.
Тајсон насилен станал откако овој истурил боца со вода врз него, наведуваат од тимот на Тајсон, притоа додавајќи дека пијаниот патник бил и агресивен.
Мајк Тајсон во 1992 година беше осуден на три години затвор поради силување, а во 2007 година призна дека е зависник од кокаин.
Seems like this guy deserved to get punched by Mike Tyson on a plane? pic.twitter.com/QivH7A7oNI
— ThatsGoodSports (@BrandonPerna) April 21, 2022