(ВИДЕО) Танц студиото „МАК“ од Куманово влезе во трката за победа во српското шоу „Јас имам талент“

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Танц студиото „МАК“ oд Куманово се македонските претставници кои ќе се борат за победата во шоу програмот „Јас имам талент“ кој во моментов ги лови талентите од целиот регион.

Тие се претставија со оригинална кореографија на песната „Само мало“ и со само неколку така успеаја да го освојат воодушевувањето на членовите на жирито и публиката.

Со соодветни костими, артистичен израз и модерна кореографија, кумановките на возраст помеѓу 12 и 18 години раскажаа приказна за љубовта, со која ги добија сите 4 „ДА“ од судиите и си обезбедија место во следниот круг.

„Браво, секоја чест! Толку талент, толку ритам, вие и глумевте… ова е како Бродвеј! Бевте фантастични“, рече пејачката Ана Николиќ која стана и аплаудираше на крајот на настапот.

„Ви благодарам што се појавивте. Ова е ефектно, модерно. Тоа се бара“ порача со воодушевување актерката Даница Максимович и упати поздрав до нивниот тренер и кореограф Мерлин Стојановска.

Самиот настап и прекрасните девојки со кои Македонија треба да се гордее, погледнете ги во видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=-TWfYh7XCQI