Главниот херој на вестите во Русија оваа недела не беше лидер на некоја светска држава, туку обичниот татко на московската студентка Варвара Караулова. Тој буквално е го извадил детето од канџите на врбувачите на “Исламска држава” и успеал да ја врати дома, кога шансите за успех биле минимални. Павле Караулов се поврзувал со Федералната служба за безбедност на Русија и ги убедил веднаш да се зафатат со потрагата на неговата ќерка. Во меѓувреме, во главата се појасно се појавува една кратенка – идил (“Исламска држава во Ирак и Левант”), за каде се е упатила неговата ќерка – одлична студентка од Московскиот универзитет, знае 5 јазици, но го прифатила исламот во потполност по агитација од врбувачите на ИД.
ФСБ го регистрирала телефонот на Варвара во Турција и се поврзуваат со турската полиција, а самиот Павле Караулов веднаш отпатувал за Истанбул. “Вистинската помош започна дури тогаш, кога почнаа да се вклучуваат луѓето. Одредени луѓе кои знаат други луѓе. Можеше да се помине и по официјалниот пат, но тоа ќе потраеше во Русија најмалку 2-3 дена. А овие 2-3 дена едноставно ги немаше “, раскажа Караулов.
По пристигнувањето во Истанбул, Павле веднаш оди во рускиот конзулат за поддршка – за поддршка на конкретни луѓе, тој оди во антитерористичкиот оддел на турската полиција. Тој исто така се јавил за прием кај турскиот министер за внатрешни работи.
Татковите зборови звучат како магија и видливо имаат сила. Молитвите на Павле се слушнале на осмиот ден од хоророт. Ќерка му е пронајдена на турско-сириската граница, само на чекор од бездната наречена “Исламска држава”.
