ВИДЕО: Тејлор Свифт се расплака среде концерт пеејќи ја песната за нејзината баба

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Американската пејачка Тејлор Свифт се расплака за време на нејзиниот концерт во Аризона, САД, пред неколку дена, додека изведуваше песна посветена на нејзината почината баба Марџори Финлеј.

За време на изведбата на песната „Марџори“, која ја објави во 2020 година и ја именуваше по нејзината баба, Тејлор беше обземена од емоции и се расплака.

„Прекрасна почит на бабата на Тејлор, Марџори“, напиша еден корисник на TikTok кој го објави видеото.

Тејлор, како што еднаш кажа и самата, била многу блиска со нејзината баба, која исто така била музичарка. Нејзината баба починала во 2003 година, но Тејлор никогаш не ја заборавила. Финлеј била оперска пејачка и во песната „Марџори“ Тејлор го додаде и нејзиниот глас меѓу придружните вокали.

„Мајка ми најде еден куп плочи од баба ми како пее опера, а јас му ги испратив на Арон Деснер и тој ги стави во песната“, рече еднаш Свифт.

Слични содржини