(ВИДЕО) Тејлор Свифт го пушти првиот сингл од новиот албум

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Тејлор Свифт штотуку го објави својот нов сингл Look What You Made Me Do и интернетот почна да татне од претпоставки што значи текстот на нумерата. Првите претпоставки за стиховите кои можат да се прочитаат од текстуалното видео со кое беше објавена песната, се дека се однесуваат на нејзините “непријатели“ Кание Вест, Ким Кардашијан и Кети Пери.

Но, што ако тие се однесуваат на измислен лик, сепак? Имено, дел од обожавателите се убедени дека оваа песна всушност ја раскажува приказната на Арја Старк од серијата “Игра на тронови“, а идејата дури и има смисла ако малку подразмислиме.

За што зборуваме видете и самите од видеото во продолжение.