ВИДЕО: Тејлор Свифт падна среде концерт и продолжи да пее со отворена рана

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Американската пејачка Тејлор Свифт моментално е на турнејата „Ерас“, а пред неколку дена настапи во Хјустон, каде доживеала мала несреќа за време на концертот, која не остана незабележана од нејзините најверни обожаватели.

Свифт во добар дел од концертот пееше со голема отворена рана на левата дланка. Нејзините обожаватели веднаш го забележаа тоа, а на социјалните мрежи споделија неколку фотографии на кои јасно се гледа голема крвава рана на нејзината рака.

Фановите снимија и видео на кое се гледа како Свифт се обидува да ја покрие раната со завои и фластери, но безуспешно.

И пејачката се огласи по овој повод и напиша:

„За оние кои прашуваат како добив расекотина на раката, добро сум и тоа беше само моја вина. Се сопнав на работ од фустанот и паднав во темнината зад сцената додека трчав да се пресоблечам. Сето ова е поврзано со ретроградниот Меркур. Не грижете се за мене, добро сум“.

Бројни корисници на социјалните мрежи ја пофалија за нејзината професионалност.

„Тејлор е вистински професионалец“, „Раната што ја доби изгледа прилично болна, но сепак направи одличен концерт“, „Убаво е од неа што објасни што се случило“, се само дел од коментарите.

Слични содржини