Песната “Look What You Made Me Do” на Тејлор Свифт дебитираше на полноќ во САД и за кратко време стана водечка вест во таблоидите зад океанот.

BEVERLY HILLS, CA – MAY 10: Singer-songwriter Taylor Swift attends the 64th Annual BMI Pop Awards held at the Beverly Wilshire Four Seasons Hotel on May 10, 2016 in Beverly Hills, California. (Photo by Mark Davis/Getty Images)
Синглот, во кој пејачката вели “дека старата Тејлор е мртва”, е од претстојниот нејзин албум Reputation. Во текстот на песната има уште
интересни нешта кои го покренуваат прашањето – за кого е песната?
“Имам листа со имиња и во неа твоето е испишано со црвено, нагласено”, пее Тејлор, која е во конфликт со својата колешка Кејти Пери, а
исто така и со Кание Вест и неговата сопруга.
Свифт се почувствува засегната од текстот на песната “Famous” на раперот, а подоцна партнерката Ким Кардашијан пушти записи на
нивни телефонски повици, од кои станува јасно дека пејачката знаела што ќе испее Вест.

“Не ми се допаѓаат малите твои играчки, не ми се допаѓа твојата коса на сцена. Улогата која ме натера да ја играм – на глупачка, не ми се допаѓаш ни ти” е делот од текстот, за кој фановите шпекулираа дека е насочен кон Кејти Пери.
Неа пак Свифт ја обвини дека ѝ украла танчери. Уште еден скандал се појави околу Тејлор и тој е со Ники Минаж, која ја прекори дека видео на нејзина песна покажува многу слаби модели.