Тејлор Свифт премирено го прикажа својот нов музички спот за синглот “Wildest Dreams” во рамките на музичките награди на МТV, кои се одржаа вчера вечерта (30-ти август).
Во сексапилното видео на пејачката учествува и жешкиот син на Клинт Иствуд – Скот, кој веќе има статус на ѕвезда во подем во Холивуд.
Во новиот клип Свифт е бринета, која влегува во улогата на филмска ѕвезда. Двајцата со Скот снимаат филм во пустината Сахара и додека работат на различни љубовни сцени се гледа страст, но и тензија меѓу нив.
На крајот односите на двајцата стануваат сложени и мачни – апсолутно холивудски. Песната “Wildest Dreams” е сметана за една од најзрелите од последниот албум на Тејлор – “1989”.
Неодамна 29-годишниот Иствуд напиша во својот профил во Instagram како е да работиш со ѕвезда како Свифт: “Работата со неа беше неверојатно искуство. Таа не само што е поп ѕвезда, но сум горд дека можам да кажам дека е мој пријател. Таа е одличен човек, а луѓето како неа се среќаваат многу ретко во животот. ”
25-годишната русокоса сподели неодамна, што ја испровоцирало да напише оваа песна. Таа рече: “‘Wildest Dreams” е најдобар пример за тоа како моите очекувања за љубовта се менуваат со времето. Во почетокот има хемија, но кога таа ќе исчезне, работите често нѐ збунуваат … ”
Веќе неколку месеци пејачката е во врска со шкотскиот диџеј Калвин Харис.