Тензично е кај ЕУ-Инфоцентар, вечерва во Скопје. Демонстрантите се судрија со полицијата, информира Мета.
Демонстрантите и полицијата се судрија на булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата на Театар „Комедија“.
Ангелов ги повикува полицајците да му се придрижи на народот, посетувајчи дека дале заклетва #Протестирам #П pic.twitter.com/y8ppXQISBt
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
До инцидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кажа дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт, бидејќи протестот е мирен и меѓу демонстрантите нема насилници. Тој апелираше старешината да ги повлече полицајците за демонстрантите да продолжат да се движат..
Ја повикуваат полицијата да се тргне и да им дозволи слободно да се движат #Протесрирам #П pic.twitter.com/9tAFdTmimL
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Ангелов во еден момент ги повика демонстрантите да му се приклучат и да ѝ се спротивстават на полицијата. Демонстрантите тргнаа кон полицајците и настана мал судир, при што полицајците успеаја да ги одвратат граѓаните назад.
Граѓаните извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“ #Протестирам #П pic.twitter.com/dzTdaHbn9K
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Атмосферата е тензична, а граѓаните извикуваат „Пуштете го народот“, „Долу диктатура“, „Слобода“.
Демонстрантите, по повикот на Стојанче Ангелов на кратко се судрија со полицијата #Протестирам #П pic.twitter.com/9Xg8kORv9q
— META.mk (@meta_agency) April 19, 2016
Протестот почна во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, од каде маршот продолжи кон Собранието на Република Македонија. Движејќи се кон Собранието, демонстрантите застанаа пред Министерството за правда, каде фрлаа тврди објекти и кесички со боја.По изразениот револт пред Собранието, демонстрантите се упатија пред зградата на Владата, а оттаму кон ЕУ-Инфоцентарот, каде и се случи малиот инцидент./извор Мета
