Полицајците во американскиот град Балтимор застрелаа ученик при апсење, пренесоа Газета Ру. Претходно тој ги убил родителите и помалата сестра. 16-годишниот Џејсон Хендрикс живеел со неговите родители во градот Корбин, Кентаки. Минатата среда тој го застрелал татко си, мајка и 12-годишна сестра, а потоа се упатил кон Балтимор, заедно со нивната кола. Според блиски на семејството пред неколку дена меѓу него и неговите родители настанал конфликт, бидејќи му забраниле да игра на компјутерот.