(ВИДЕО) Тодор Кулаков таткото на Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата

од Milan1
301 прегледи

Во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, беше оддржан граѓански собир во чест во знак на сочувство со родителите.

На собирот беше побарана одговорност за трагедијата и упатени пораки за во иднина да се спречат вакви трагични случувања.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача дека неказнивоста е главната причина за ваквите трагедии

– Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Тоа во што сме сигурно е дека не е eден коренот на сите проблеми, арно ама во вака поставено правосудство каде што неказнивоста е примарно нешто, тоа се одразува на сите сфери во животот. Дали е тоа сообраќај, економија, не знам, било што. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството.

Тој таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби со награди … и му оставаш од таа неказнивост наместо да е во притвор заради таквиот пристап он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе.“

Иако скршен од болка тој најде сила и им се заблагодари на сите за поддршката но и им порача на активистите кои бараат одговорност во никој случај да не дозволат политиката да влијаее врз нив.

– Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

 

Слични содржини