Малиот Трајче Георгиев кој беше единствениот Македонец што се бореше за победа во шоуто „Пинкови ѕвездички“ и со својот талент стигна до суперфиналето и почесното второ место во натпреварот, вчера пристигна во Струмица.
14 годишниот Струмичанец ги освои симпатиите на публиката, а посебно срцата на девојчињата, со изведбите во текот на целото шоу, па сега сите сакаа да дојдат и да го прегрнат, се фотографираат или добијат автограм од него.
Трајче во финалето доби и огромна поддршка од многу негови фанови кои допатуваа до Белград, па за време и на своите настапи тој ја искористи можноста да се поздрави со нив.