Струмичанецот Трајче Георгиев кој не престана да воодушевува со својот тален, со 5 гласови се пласираше меѓу најдобрите 20 и го продолжи натпреварувањето во Пинкови ѕвездички.
Тој овојпат ја испеа песната Nobody’s Perfect од Џеси Џеј.
И покрај неговата скромност и поради тоа понекогаш воздржаност во пеењето, за што и добиваше малку критики во претходните емисии, тој ги послуша советите на жирито и овој пат без страв неповторливо ја отпеа емотивната балада.
