(Видео) Трајче Ѓeоргиев со Тони Цетински ја крена цела „Сава центар“ на нозе!

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Трајче Ѓоргиев по Даниел Кајмакоски,  е уште една македонска ѕвезда која го освојува Балканот. Малиот Трајче со секое појавување во шоуто „Пинкови ѕвездички“ го воодушевува жирито, публиката во салата и пред малите екрани.

22

На последниот настап од петтиот круг, додека пееше на шпански, по којзнае кој пат, некои членови на жирито со насолзени очи станаа и му се поклонија.

Но, она што е уште позначајно за него е најпрво поканата која ја доби од неговиот омилен балкански пејач, Тони Цетински за да пеат заедно на неговиот концерт, а потоа и настапот кој ги воодушеви сите.

Со посебна најава за малиот Трајче со огромен талент, Тони уште еднаш ја искажа својата наклонетост и поддршка кон него, поканувајќи го на сцената за да ја отпеат во дует познатата „Od milijun zena“.

Трајче го пееше само рефренот, а публиката пееше со него во еден глас. Овации, аплаузи и врисоци доби од сите присутни кои станаа и му се воодушевуваа.

Сепак, се очекува и заслужува Трајче да биде уште една блескава ѕвезда на нашето музичко небо.

Погледнете го неговиот настап на концертот на Тони Цетински: