(ВИДЕО) Трендафилов: Да се донесе закон со кој една година сите функционери, вклучително и јас да земаме плата од 500 евра

од Milan1
691 прегледи

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, предлага уште утре да се донесе закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и тој да земаат минимална плата од 500 евра.

Тој најави дека утре, на 2 април, ССМ  ќе излезе на протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра.

Трендафилов нагласи дека ССМ ќе продолжи да бара минимална плата од 30.000 денари, наместо предложените 24.300 денари.

Изнесе и сериозни обвинувања за притисоци врз синдикалните организации и обиди за присилно префрлање на работниците во друг синдикат.

Слични содржини