(ВИДЕО) Тревога во НАТО: Американски војници исчезнаа во близина на границата со Белорусија, локалните медиуми тврдат дека се мртви

од Milan1
296 прегледи

Четворица американски војници исчезнаа за време на воена вежба на НАТО во Литванија во близина на границата со Белорусија, пренесува „Ројтерс“. Исчезнаа околу 16 часот и 45 минути вторник во близина на Пабрада, Литванија во нивното возило во близина на границата со Белорусија. Литвански и странски војници започнаа потрага по нив.

Војниците, чиј идентитет се уште не е објавен, припаѓале на 1-та бригада, 3-та пешадиска дивизија на Армијата на САД.

Според првичните информации, војниците најверојатно биле во оклопно возило за  „М88 “, едно од најголемите возила од тој тип во американската војска за кое постои сомневање дека паднало во вода.

Војниците биле пријавени за исчезнати во вторникот околу 16 часот и 45 минути по локално време, по вежба во близина на Пабрада, Литванија, што предизвика опсежна потрага од американските и литванските власти.

Според достапните информации, војниците вршеле тактичка обука на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ кај Пабрада, на помалку од десет километри од границата со Белорусија.

Литванските вооружени сили во средата соопштија дека ја идентификувале „можната локација“ на исчезнатите војници и нивното возило.

Во соопштението се наведува дека „во тек е операција за пребарување и спасување предводена од вооружените сили на Литванија, со дополнителна помош од Службата за противпожарна заштита и спасување, како и од други институции“.

Официјалните лица сè уште не соопштуваат детали за тоа како исчезнале војниците и возилото, ниту за околностите под кои загинале.

Слични содржини