ВИДЕО: Цунами се шири низ Пацификот и Америка го очекува ударот

од Берта Китинска
439 прегледи

Цунамито предизвикано од денешниот силен земјотрес и ерупција на подводен вулкан во малата островска земја Тонга во Пацификот, денеска ги погоди бреговите на јапонските острови Амами, а јапонската ТВ станица НХК јавува дека бранот е висок околу 1,2 метри и се очекува да направи значителна материјална штета.

Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат ударот на бранот во јапонскиот брег.

Во меѓувреме, предупредување за цунами е издадено во сите држави кои излегуваат на Пацификот, меѓу кои се и САД.

Слични содржини