(ВИДЕО) Убиен е директорот на голема компанија во Њујорк

од Milan1
34 прегледи

Извршниот директор на најголемата приватна компанија за здравствено осигрување во САД, „Јунајтедхелткер“ (UnitedHealthcare), Брајан Томпсон, е застрелан и убиен пред хотел во Њујорк, јавуваат светските медиуми.

Вооружениот напад, според Би-би-си, се случил околу 7 часот според локално, односно 15 часот по средноевропско време, пред хотелот „Хилтон“ на Менхетен, каде Томпсон присуствувал на денот на инвеститорите на компанијата.

Според информациите, 50-годишниот Томпсон бил застрелан во градите и веднаш по нападот е пренесен во болница, каде што е констатирана смрт.

Од полицијата соопштиле дека најверојатно станува збор за убиство со умисла бидејќи осомничениот го чекал Томпсон пред зградата на хотелот. На главата носел скијачка маска и бил облечен во кафеава јакна.

Поранешниот демократски кандидат за потпретседател на САД и актуелен гувернер на сојузната држава Минесота, Тим Волц, веста за убиството на извршниот директор на „Јунајтедхелткер“, чие седиште е во оваа држава, ја нарече страшна.

„Ова се ужасни вести и страшна загуба за деловната и здравствената заедница во Минесота. (Државата) Минесота ги испраќа нашите молитви до семејството на Брајан и тимот на ‘Јунајтедхелткер“,напиша Волц на социјалните мрежи.

Слични содржини