(ВИДЕО) Убиени се 41-годишен маж и 2-годишно дете во Германија, ги нападнал Авганистанец со нож

од Milan1
131 прегледи

Напад со нож се случи во парк во германска  Баварија, при што има двајца мртви, а осомничениот е уапсен. Денес напладне се огласи тревога во парк во градот Ашафенбург, во Баварија, по напад со нож.

Како што пренесува весникот „Билд“, меѓу жртвите има и дете. Убиени се 41-годишен маж и 2-годишно дете, а две лица се примени во болница во тешка состојба. За нападот е уапсен 28-годишен Авганистанец.

Ашафенбург има околу 70.000 жители и се наоѓа во баварскиот административен регион Долна Франконија, блиску до државната граница со Хесен. Паркот наречен Шонтал се наоѓа во центарот на градот. Причините за нападот се  нејасни. Лани во Германија имаше повеќе напади.

Слични содржини